Радио Милева
хормонална бура

„Кои сте па вие?“: За трудницата Тара Симов може пушење, но не и „гушење“ од било кој (фото)

„Кои сте па вие?“: За трудницата Тара Симов може пушење, но не и „гушење“ од било кој (фото)

Старлетата и ТВ водителка Тара Симов неодамна на нејзиниот Инстаграм профил објави заедничка фотографија со нејзиниот избраник Данило и ги израдува нејзините фанови кога ја објави среќната вест дека таа и нејзиниот партнер ќе станат родители.

Тара тогаш во раката го држеше ултразвукот од бебето и  за првпат го покажа трудничкото стомаче.

Овој пат, ријалити ѕвездата со македонско потекло објави фотографија како позира во секси издание во прегратките на саканиот во една кафана во Белград.

Но, она што и забележаа следбениците, беше тоа што таа се забавува и излегува, па дури и пуши за време на бременост.

Стомакот на контроверзната задругарка веќе се гледа, а бидејќи е позната личност, таа веднаш стана мета на критики од следбениците за нејзиното однесување, особено пушењето во блажена состојба.

Очигледно коментарите ја погодија, па таа не издржа и се огласи на социјалната мрежа каде жестоко им одговори на сите кои ја критикуваа.

– „Имам свој доктор, а вас никој ништо не ве праша – напиша ѕвездата како одговор на коментарот : „Не пуши за време на бременост“.

– Би сакала да ве замолам сите комплет да си најдете нова занимација од тоа дали пушам за време на бременоста. Ниту сте доктори, ниту сте полнолетни во повеќето случаи, а на крајот на денот кои сте вие, напишала Тара.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тара Симов

 

Останати вести од Радио Милева