Несудена балерина, некогашна членка на „златната генерација“ на балетското студио „Ребис“, денес актерка Катерина Шехтанска, има успешен приватен и професионален живот.
Во улога на сопруга, мајка на две малолетни деца приватно, а последната улога во која професионално можевме да ја видиме е онаа од комичната претстава во „Драмскиот театар“ – Скопје, насловена „Како да се ограби банка?“ , во која Шехтанска и игра и танцува, а ја подготви и кореографијата за истата.
И навидум изгледа дека Катерина е „среќна жена“? Веројатно и е така, само што попоследниот нејзин фејсбук статус кажува и нешто друго… Дека некој се обидел да направи со нејзината среќа нешто слично на насловот на претставата во која таа игра: Како да се ограби среќата на Катерина? Во доменот на професијата или приватноста – остана неразјаснето.
Ама она што може јасно да се заклучи од нејзиниот „лут пост“ на Фејсбук, некој или некои навистина се обидел(е) баеги да ја изнервира(ат) актерката, што таа така „жестоко“ им возвратила со зборовите:
„Како е можно? не ме ни знаете, а веќе имате креирано мислење за мене. Наметнато или не… Сепак, следниот пат кога ќе превртите со очињата кога ќе се спомене моето име, верувајте дека мене ми се превртува утробата кога ве гледам во вашиот мизерен и неуспешен обид да бидете како мене. Во прилог еве една слика што мислам јас за тоа.
П.С. се извинувам што сликата нема тон, но слободно може да си замислите“ – ги „распука“ на најраспространетата социјална мрежа Шехтанска своите лицемерни душмани.
Следуваше лавина од коментари на поддршка од нејзините пријатели, а „(не)пријателите“…? Можеби и тие беа меѓу нив, само… овој пат не се огласија! Сеедно, Кате знае најдобро кого тоа со својата појава нервира, па (тој, таа, тие) проба(а) нејзе да ја изнервира(ат)!? Сакаа само да и ја украдат насмевката со која таа им возврати… Или можеби и нешто повеќе од тоа!?