Радио Милева жените и спортот

„Kога жената пишува олимписка историја“: Пулексенија Јованоска е дел од изложбата – „Жените и спортот“  (фото) 

„Kога жената пишува олимписка историја“: Пулексенија Јованоска е дел од изложбата –  „Жените и спортот“  (фото) 

На изложбата која се реализира во пресрет на Олимписките игри во Париз 2024, од Маја Аргакијева се најде и фотографија од македонската каратистката Пулексенија Јованоска.

Таа е македонската врвна спортистка, единствената која ја претставувала Македонија на Олимпијадата во Токио и претставува голем пример за младите и голема инспирација и за мажите и за жените кај нас, а како женска фигура се залага и придонесува кон родовата еднаквост во спортот.

За Пулексенија Јованоска, поентата на оваа изложба е да се долови моментот дека жената може да биде еднакво застапена во спорот како и во уметноста.

– Драго ми е што изложбата ја направи Маја Аргакијева, жена која што беше инспирирана од нашите успеси како спортистки, од секој спорт индивидуално, да може да ја искаже силата и убавината во спортот преку една фотографија, истакна таа.

Јованова преку спојот на убавината и каратето успева да ја покаже моќта на жената, а на нејзиниот Инстаграм профил таа сподели дел од атмосферата и како се чувствувала за време на изложбата.

„Kога жената пишува олимписка историја станува фотографија за вечноста“ – напиша таа.

Дел од изложбата организирана од Француската амбасада во Македонија беа вклучени и спортистките Ана Цветановска – нордиско скијање, Анамарија Георгиевска – Таеквондо, Арбреша Реџепи – Џудо, Дрита Исљами Бафтири – Атлетика 400м со пречки, Ива Пројковска – Фудбалски судија од рангот ФИФА/УЕФА/ФФМ, Катерина Николоска – џудо, Милијана Рељиќ – Таеквондо, Наташа Мешковска – пливање 200 метри пеперутка и Пулексенија Јованоска – карате.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Пулексенија Јованоска

To top