Преку шоу за млади таленти почна да го трасира својот пат кон македонското музичко небо, а денес со многу отпеани хитови од неговиот славејски глас, тој стана еден од најдобрите наши пејачи на забавната музичка сцена.
Можеби веќе погодувате… Да, станува збор за Влатко Лозаноски кој уште како мало дете знаел дека музиката ќе биде негов животен пат.
Влатко често знае да се присети на детството, и тоа на различна возраст. Од времето кога бил во рацете на мама и тато, кога свирел хармоника… сите овие моменти од детството ги има на негиот профил на социјалните мрежи.
Наскоро тој ќе го реализира еден од своите сонови, односно ќе го има својот голем концерт во Вип арената „Борис Трајковски“ кој ќе се одржи на 23-ти март.