Натпреварувачката од „Sвездита на Гранд“, атрактивната и сексапилна пејачка со македонско презиме Теа Стошевска ги мами воздишките на многу мажи. Малку се оние кои остануваат рамнодушни кон нејзиниот атрактивен изглед, фигура која не е само од Бога дадена, туку русокосата убавица вредно и грижливо ја негува и одржува, меѓудругото со редовни тренинзи.
Оваа пејачка има раскошни телесни атрибути, па неретко им ги претставува на своите следбеници на социјалните мрежи. карантинот и изолацијата не ја спречиле Теа да тренира редовно.
Теретаните се затворени, ама затоа таа најде алтернатино решение. Тренинг малку дома, малку на јавни места.
Така, секси ѕвездата на „Гранд“, онака расна, згодна и млада, теретаната ја замени со справите во паркот пред зграда. А соседите…? Кога Теа Стошевска вежба, ја одржува и билда својата раскошна телесна маса, соседите колективно „висат“ на прозорец или тераса!