Хумористичниот ТВ серијал „Преспав“ и со епизодите од новата сезона докажа дека дефинитивно е најдоброто нешто од областа на хуморот и сатирата што е снимено кај нас во последнава деценија, па и повеќе.
Ликовите се толку впечатливи, уникатни и препознатливи, што го одразуваат времето и секојдневието во кое живееме, а нивните карактери се како пресликани на оние ликови што ги познаваме или речиси секојдневно ги среќаваме во обичниот живот. Едноставно како да се како пресликани некои наши роднини, пријатели, познаници, соседи, колеги или сосема обични луѓе кои дури ни лично не ги познаваме, ама точно знаеме дека се тие – тие!
Секој лик е погоден, посебен, автентично одглумен… Од Коста и Ула, преку Марио и Јелена од Драчево Дончо и Миле, до Талат и инспектор Томе… Сите! Некој на публиката повеќе, некој помалку омилен, некој посмешен, некој поинтересен, ама сите заедно – маестрални!
Нив ќе ги гледаме и во највеселата и најлуда ноќ, во новогодишната програма на јавниот сервис МРТ, кој како и неколку претходни Нови Години, „Преспав“-ци ги одбра покрај музичката понуда да ги забавуваат ТВ гледачите за Нова Година на нивната програма. Токму затоа и не веруваме дека некој ќе ја преспие.
А, кога е Нова Година, веселбата низ танцот и песната се задолжителни. Знаел, не знаел – пее кој стигне, секој танцува, се веселат сите. Арно ама, кога ќе останат само тие двајцата и елката, дефинитивно еуфоријата кулминира.
Зашто кога Талат и инспектор Томе ќе запеат и заиграат, новогодишната ноќ би да трае цела година.
Ако не верувате, погледнете и од срце да се насмејте се уште пред Нова Година и да дојде: