Откако пејачката Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, беше избрана да ја претставува Србија на годинашното издание на Евровизија, нејзината песна „In Corpore Sano“ стана вистински хит во регионот.
Но, не само што е меѓу најслушаните песни на платформата Јутјуб, туку и почна да се пее и на свадби. Во прилог на тоа говори и оваа снимка од една ромска свадба која ја сподели пејачот Слободан Батјаревиќ – Цобе, кого младенците и помладите гости на свадбата го замолиле ја отпее евровизиската песна на Констракта.
„Младите гости на свадбата ми ја нарачаа оваа песна. Искрено, не ја ни знаев цела песна, но се снајдов, го испеав рефренот неколку пати. Ова е првпат некој да ми нарача евровизиска песна на некоја ромска свадба. Според мене, Констракта е чудо, таа е голем талент и навистина сум воодушевен од песната, која е сосема поразлична од сѐ што е актуелно денес. Секоја ѝ чест и ѝ посакувам многу среќа во Торино“, изјавил пејачот за „Гранд онлајн“.
Слушнете како звучи евровизиската „Уметница мора бити здрава“ во фолк верзија на ромска свадба:
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм принтскрин/grand_televizija