Северина неодамна отпатува за далечните Малдиви, па со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм сподели како го поминува времето таму.
Пејачката случајно или намерно токму во овој период реши да замине на одмор, па ги спакува куферите и одлета.
Во последната објава на својот профил на Инстаграм, Северина покажа колку ужива во убавините на Малдивите, а во покажаното уживаат и нејзините обожаватели и ледбеници на социјалните мрежи.
Имено, додека сите изнајмуваат „Рент а кар“, Севе изнајмила еколошки превоз на две тркала. Во едноделен црвен костим за капење, пејачката го јавнала велосипедот, па правец на плажа.
А кога Северина ќе го јавне, познато е дека надалеку чади… Дури до Сплит и сплитските марини, каде токму додека е таа на Малдиви, изгореа неколку јахти, меѓу кои и онаа на нејзиниот бивш сопруг Милан Поповиќ, која пожарот целосно ја пеплоса.
И додека фортографијата на Севе како го јава велоспидот на песокот, едни ги „пали“ заради глетката, други „се палат“ на пораката што пејачката како што велат, „меѓу редови“ ја испраќа во јавноста по повод изгорената јахта на бившиот маж.
„Не знам јас ништо, јас сум тука со велосипед“- напиша Северина во свој стил на постот со кој ги „запали“ своите обожаватели. Некои визуелно, некои вербално!
Фото: Инстаграм принскрин/severina