Вељко Ражнатовиќ насмеа многу луѓе со една од последните објави на социјалната мрежа Инстаграм.
Објавата споделена од младиот боксер се однесува на машко-женските односи.
– Кога се расправате со жена, исто е како кога инсталирате нешто. Не разбирате ништо, само следно, следно, следно и на крајот се согласувам со условите за употреба – пишува во објавата што ја сподели Вељко, што очигледно го насмеа, а тој сакаше да ги забавува и своите следбеници.
Да потсетиме, Вељко е во брак со својата сопруга Богдана од ноември 2019 година, со која го доби синот Жељко.