Македонската фолкерка Сања Барби Цинцева е неуморна. Барби деновите пред Нова Година максимално ги користи за сопствена промоција и промоција на своите песни преку новогодишните снимања во и надвор од Македонија.

Последно нешто беше гостувањето во Белград на тамошните најпознати медиуми: Прва ТВ и новогодишната емисија на „Гранд“, каде сексапилната струмичанка заедно со Сузана Гавазова покажаа дека „македонските девојчиња од југот апсолутно припаѓаат во кругот“ на големите регионални фолк ѕвезди.

И штом се врати дома, Барби одново снима. Овој пат за себе. Во прашање е нова фотосесија и видеоспот за новата песна… „Тој“!

А таа, никогаш пораскошна и посекси… Уште од првите работни кадри се гледа Барби што има да понуди… и како песна и како пејачка. Распослан телесен раскош и убавина, облечена само во црна раскопчана кошула од која ѕиркаат бујните облини, а под неа само голо тело и долги разголени нозе, заводлив поглед, сочни усни и исплазен јазик… Чиста еротика!
Струмичката фолкерка „без пардон те влече за јазик и каде што боли те лекува, додека со поглед соблекува“… Таа тебе или ти неа? Како што пее во новата песна!

Како и да е, Сања – Барби и тоа како има што да понуди… И на музички и на телесен план! Очигледно нејзиното време допрва доаѓа.
Останува само снимениот фото и видеоматеријал од уметничкиот фотограф Томе Табанов и Љупче Василев добро да го спакуваат, за пеперутките кои на снимањето на Барби и летаа околу глава, кога ќе ја видите, вам да ви летаат во стомакот… Или тука некаде, погоре – подолу!