Радио Милева
од тезга на бајачка?

Кога Сани Гроздановска вози, совозачот од нервози и стравови се „препотува“, а можеби и… „нешто друго“ од „уплав“ му се случува? (ВИДЕО) (ФОТО)

Кога Сани Гроздановска вози, совозачот од нервози и стравови се „препотува“, а можеби и… „нешто друго“ од „уплав“ му се случува? (ВИДЕО)  (ФОТО)

Македонските фолкери, пејачката Сања Сани Гроздановска и клавијатуристот и член на групата„Скопски боеми“, патем и приватен угостител Трајче Толевски, се дефинитивно „тандем од соништата“.

Соработници на музички план секогаш кога можат, приватно блиски пријатели приватно во секое време, обајцата мајстори за туѓо расположение, но и големи шегобијци. И на своја и на туѓа сметка… Најчесто таа на негова, тој на нејзина… За нивна душа, но и општа забава на сите околу нив!

И покрај строгите ковид протоколи, кафеаните и локалите се’ уште некако работат, а музиката е неизоставен дел од атмосферата и расположението во угостителските објекти. Кафеана без пороци, жени и музика евентуално можеш да ја наречеш „библиотека“!

Неделава Сани и Трајче тргнаа на заедно на тезга. И тоа надвор од Скопје или поточно во познат ресторан во една општина во скопската околина. Естрадната двојка логично на настап тргна со сопствен превоз.

Тие двајца во автомобилот, Трајче зад воланот, а Сани на совозачкото седиште. Пејачката мора да биде средена, дотерена, да не биде истуткана кога ќе се појави пред гостите, па логично е некој друг да ја вози.

А кога Трајче вози, Сани раположена и насмеана,  опуштено си пее во кола.

По некое време имате ситуација број 2. Веројатно на враќање од „тезга“ или на нов настап некаде, на кој  пак заедно одат Трајче и Сани. Само што овој пат ситуацијата е обратна. Зад воланот е пејачката, а на совозачкото седиште е музичарот. Само што тој е далеку од опуштен, насмеан и распеан!

Имено, додека „енергичната“ кумановка вози, „скопскиот боем“ смрзнат од страв да не излета од лежиште,  собран како полжев во куќичка во своето совозачко седиште, ја молеше и преколнуваше пејачката, помалку да стиска на гаста, а повеќе на сопирачката:

„Кочииии… Страв ми е… Кочи жити мајка, се плашам…“ – вика музичарот, додека пејачката низ насмевка му одговара: „Не се секирај, ако умреш, со мене ќе умреш“, а Трајче повторно и  возвраќа: „Ама не е така…Ако умирам, сакам да умрам од природна смрт, а не вака“, додека Сани пак стискајќи уште поивеќе на гаста „умира“ од смеење!

„Ќе се симнам… Закочииии… Камиоооон… Види ја се залепи до него. Тесно беше“ – коментира преплашениот музичар додека неговата колешка „со полн гас и хормони до плафон“, турбо го возеше автомобилот небаре е млазен авион!

 

Se isplaši….😂😂😂😂😒🙈🙈😒

Posted by Sanja Sany Grozdanovska on Thursday, September 30, 2021

 

Кога Сани Гроздановска вози, совозачот од нервози и стравови се „препотува“… Дали да поднамали или да прикочи, пејачката сама  одлучува, додека на совозачот можеби и „нешто друго“, од уплав му се случува?

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

 

Останати вести од Радио Милева