Атрактивните и сексапилни српски пејачки Милица Тодоровиќ, Дара- Бубамара и Сандра – Африка заедно гостуваа во емисијата „Амиџи шоу“ кај водителот Огњен Амиџиќ. На Милица Тодоровиќ и се виде долната облека, зошто беше облечена во фустан проѕирна црна тантела.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/dsgdfghdf_1000x0.jpg)
Имено, како и во секоја емисија, Огњен подготвува различни предизвици за гостите, па откако Сандра – Африка загуби во играта “Пар – непар”, таа мораше да одработи по казна клекни-стани.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/Screenshot_32.jpg)
Сандра – Африка, облечена во кусо фустанче, направи неколку клекнувања, па само што се поднаведна нанапред, од публиката се слушнаа воздишки, одобрувања и по некое свиркање. Без сомнение, овие провокативни движења на Сандра оставија многумина без здив, а водителот го обли ладна пот!
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/Screenshot_28.jpg)
Сандра – Африка зборуваше за бременоста, а потоа откри сè за односот со Волков, негирајќи ги озборувањата.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/Screenshot_29.jpg)
Потврди дека не е вистина дека таа била во контакт со фудбалерот, па јавно ги негираше сите приказни што неодамна се појавија за нив двајцата, како и нејзината наводна бременост од него.