Радио Милева одново заедно

Кога работата станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето: „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“

Кога работата станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето: „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“

Не тајна дека тие се цели 15 години во етерот, а при тоа станаа и останаа најгледаниот, најпопуларниот и најдобриот естраден ТВ магазин во Македонија. Се разбира во прашање е „Бекстејџ“  низ чиј тим за оваа деценија и пол минале низа од познати личности, од кои некои почнале како тотални анонимуси за токму преку „печењето на ТВ занаетот“  денес да станат профилирани ТВ лица и познати јавни фаци. Манекени и манекенки, топ модели, музичари, водителки, новинарки и новинари, сниматели, монтажери, продуценти… Со текот на годините поставите се менуваа , но „Бекстејџ“ остана…!

Сепак, како што секогаш најмногу се памети првиот бакнеж, првата љубов, првиот секс… така и првата постава на „магазинот од зад сцената“ е оној со кој започна историјата. Ударната игла, огледана во новинарско-водителската екипа – женска. Тандемот Марија Петровска – Јулија Цветковска беа моторот на тимот кој од првиот ден го влечеше на патот кон успехот.  Обете со веќе доволно ТВ новинарско искуство, едната во тетовската ТВ „Кисс“, другата во „А1 ТВ“.

Но како што се’ има свој почеток има и свој крај и нивниот професионален ангажман во „ТВ магазинот од зад сцената“ еден ден мораше да заврши… Но, не и нивното дружење од деновите на заедничката работа, која со текот на годините станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето… Иако километри ги делат, зашто Марија со години живее и работи во Словенија, а Јулија однеодамна е дел од маркетинг тимот на една голема странска компанија во Скопје, никогаш не престанаа да бидат блиски.

Словенците деновиве го славеа католичкиот Божиќ, па Марија како добра домаќинка го уреди и украси домот во славеничка атмосфера.

Впрочем, сега имаше мотив или поточно два повеќе. Како што веќе први објавивме некогашната новинарка и ТВ водителка е бремена и за прв пат во новата 2023 година ќе се оствари како мајка. Затоа и Дедо Мраз не е единствениот кој ќе пристигне во градот… До душа тој на крајот на годинава, а некој друг на почетокот на идната!

Новогодишната елка и подароците под не се тука, но има нешто што е поважно од нив. Или како што самата Марија објавила под споделените фотографии на својот Инстаграм:

„Не е важно што има под елката, туку кој е околу неа“.

А околу неа оние кои работата ги запозна и зближи, а дружењето и пријателството ги претвори во… своевидно семејтво! Некогашните колешки одново заедно зашто Јулија Цветковска во друштво на Александар Блажевски и дојде на гости на Марија Петровска.

А кога се оди на гости кај драгите и блиски пријатели и другари, се носат подароци, а во ваква прилика ем новогодишни, ем посебни…

Зашто блажената состојба на домаќинката напредува, па штом наскоро ќе стане мајка, семејството ќе се прошири за уште еден член. Она  нејзиното, дома, ама и оноа големото „Бекстејџ“ семејство на кое по редот на нештата новиот член (ќе) му припаѓа. На истото она медиумско семејство кое неговата мајка пред 15 години заедно со нејзините гости го основа… И тоа се’ уште трае.

Како што трае и големото пријателство, полно со длабока, искрена и неизмерна љубов со некогашните колеги, со кои станаа речиси… семејство.

Затоа… „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“, малечок!

Фото: Инстаграм принтскрин/ Backstage/marija_petrovska

To top