Станија Добројевиќ се’ уште ужива во убавините на Мајами. А нив ги има многу… Времето променливо, те жешко, те спарано, те ќе подзалади, па Станија не знаеше како да се облече.
Што е сигурно-сигурно, старлетата тргна на прошетка низ градот во портокалов комбенизон… Ама, влажната клима си го прави своето, па спарините на Мајами бргу стануваат неподносливи.
А Станија штом почувствува влага, не може да седи мирна, па веднаш трга во акција. А секоја акција има и реакција… Нејзината – што побргу да се ослободи од она што прекумерно ја спурува – портокаловиот комбенизон… Ама каде, да го соблече, кога среде булевар полн со возила нема каде тоа да го направиш… Или има?
Можеби не Вие и ние, ама затоа старлетата пет пари не дава. Без око да и трепне, Станија си се соблече среде улица по црно боди.
Возачите вчудовидени, со подзината уста, не знат што побргу да држат: воланот или… рачната!?
Па се одлучија за ова второто – да се закопаат во место. Зашто кога на Станија ќе и стане жешко… и сообраќајот запира!
За да уживаат во глетката што им ја приредила српската старлета!