Радио Милева излепена како албум

Кога на Маријана Новачевска внучето ќе и дојде на гости: „Елката ја раскитивме, ама затоа баба ја накитивме“ (ФОТО)

Кога на Маријана Новачевска внучето ќе и дојде на гости: „Елката ја раскитивме, ама затоа баба ја накитивме“ (ФОТО)

Некогашната пејачка Маријана Новачевска, една половина од музичкиот дует сестри близначки Маријана и Росана, со години живее во далечната Австралија.

Иако е одвоена од најблиските, од родителите, братот, сестрата близначка и сите од семејството кои ѝ биле важни, таа успева да најде сила да победи во животот и да се справи со сите неочекувани ситуации и предизвици  кои во животот ја задесија.

 

Во Австралија естрадата ја замени со стоматолошка ординација, но продолжи да пее, ако ништо друго барем за своја душа, па пијаното и музика се секогаш блиску до неа.  Пејачката  очигледно не пати од комплекси и е подготвена да се појави пред својата публика без шминка и да позира во дури и во смешно издание само за уживање на нејзините внуци. Таа во себесвојствен духовит стил ги објави фотографиите со шеговит опис:

„Само да ви кажам, кај мене гостуваше внуката Ева и ја украси нане,  затоа што елката ја раскитивме, а дете си сака да си игра“ – напиша Маријана додавајќи куп насмеани емотикони. Сликата веднаш беше поддржана со безброј лајкови, а коментарите беа повеќе од позитивни. Сите се согласуваат дека најдобар тандем за игра со внуците се бабите и дека за нив не постојат никакви прпреки, па дури и кога внучето ќе ве налепи по лицето со куп лепенки… Како албум со сликички!

Фото: Фејсбук принтскрин/Marijana Novacevska

To top