На невините насмевки, убавите малечки лица, бушавите косички и пред се искреноста кај децата, ретко кој би можел да остане рамнодушен, така и нашата поп-принцеза Каролина Гочева.
Тешко може да се заситите од љубовта на децата, а за Каролина е добро познато дека најголема слабост и се внуките од нејзината сестра Сандра. Овој пат наместо Инес и Луција, Каролина се дружеше со дечињата од „Дајте музика“, односно им беше гостинка на снимањето во нивното студиско маало.
Очигледно е дека лицето и блика од среќа и дека се забавувала до бескрај, како таа, така и тие.
Модниот избор како и секогаш и беше непогрешлив за оваа прилика.
Облечена во црно кусо фустанче, не случајно со принт од ѕвездички, надополнето со тексас јакна и балетанки дизајнирани од Цаци Паковска.
-Пред неколку дена бев на гости во „Дајте музика и си ги видов сите другарки“- пишува Каролина во описот на фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм.