Радио Милева се заљубила

Кога му кажа „тато“, Вања скокна од возбуда: Милица Дабовиќ откри детали од приватниот живот (фото)

Кога му кажа „тато“, Вања скокна од возбуда: Милица Дабовиќ откри детали од приватниот живот (фото)

Познатата српска спортистка ужива во љубовта, а сега откри како се сложуваат нејзиниот син Стефан и нејзиното момче Вања.

Дабовиќ поради нејзините јавни изјави и тешките животни приказни често е во центарот на медиумското внимание.

Таа,неодамна пронашла момче во кој се заљубила, а набрзо почнале да живеат заедно.

Милица го има синот Стефан, а често зборува колку тој и е важен. Сега, кога има и емотивен партнер, Вања Ќориќ – кој на јавноста и стана познат откако се вери со пејачката Слаѓана Делибашиќ.

Затоа Милица одлучила јавно да проговори за тоа и да открие детали од нејзиниот љубовен и приватен живот кои досега не сме имале прилика да ги слушнеме.

– Најдов мир со Вања. Што се однесува до Вања и син ми. Стефан пред некој ден го нарече тато, бидејќи Вања неколку пати го „малтретираше“. Кога му кажа „тато“, Вања скокна толку многу од возбуда. Знае и Стефан кога ќе си оди Вања на неколку дена да ме праша каде е и кога ќе се врати затоа што многу му недостига. Тие одлично се сложуваат, како да се познаваат цел живот. Стефан веќе не ме ни буди да му донесам млеко, го буди Вања, а тој се буди со насмевка на лицето и вели дека го разбудил да му донесе млеко. Сега кога е Стефан во прашање, Вања поставува многу прашања и среќна сум поради тоа – изјави Дабовиќ.

Поранешната кошаркарка се осврна и на тоа како се запознале таа и Вања.

– Се сè случи спонтано. Поминувавме многу долго разговарајќи. Во еден момент јас исчезнав и после подолг период кога се вратив, Вања ми изјави љубов. Бев во шок и му реков дека ми треба мојот стар Вања, почнавме да се смееме и тогаш си реков зошто да не – изјавила Дабовиќ за „Курир.рс“.

Фото:Принтскрин/Инстагарам/Стефановамама13

To top