Приемот на хрватската старлета, пејачка, водителка, на моменти актерка… Нивес Целзиус, ја крена температурата во јавноста до точка на вриење среде зима. Хрватската убавица до душа беше дел од екипата која македонскиот претседател ја прими по повод одржувањето на 30-иот јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ.
За таа цел во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот. Нивес се најде на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот.
Арно ама, нејзиното „слободно однесување“ надвор од протоколот, вообичаено за Нивес, откако овој пат ги гушкаше и бакнуваше гардистите од свечената стража пред влезот на претседателската резиденција, дополнително ја разбранува јавноста. За среќа „таа среќа“ ја немаше и претседателот, инаку кој знае што се го чекаше Стево по сево… ова!?
Како и да е политичкиот циркуз тргна, откако хрватската нимфа ги објави фотографиите и видеото од „блискита средба“ со македонската гарда пред влезот на Вилата на Водно на социјалните мрежи.
Настрана сериозните забелешки, обвинувања, коментари, анализи на протоколите… и сл. дека претседателот Стево Пендароски со приемот на разголената старлета го доурнисал угледот и достоинството на институцијата Претседател на Македонија. Паралелно со ова, по Фејсбук, Твитер, ТикТок… тргна и мајтапот.
Љубителите на експлицитни видеа, еротски сајтови и „Онли фанс“ страници за возрасни, веднаш го „прозваа“ Пендаровски дека ги дискриминара со изборот зашто не покажал никакво „чувство за осет“ за домашната сцена од тој тип. Па, ако може на прием една Нивес Целзиус, зошто да не можат македонските старлети, мисици, разголени убавици… горди сопственички на „Онли фанс “ страници?
Така најпрвин му предложија на Стево Пендароски дека таткото на нацијата треба да го поправи овој впечаток и незадоволство кон него искажано од како што се нарекуваат македонските „порничари“ и треба по барање на „заедницата“ под итно да организира прием за нашата прва и најпозната домашна OnlyFanas сопственичка на страница за возрасни, Теодора Мартиноска, која е ем далеку помлада, а и далеку поактуелна и поатрактивна. Па оној што е пионер во нешто белким заслужува прием?
Е да, ама некои веднаш се побунија па рекоа дека Нивес и добро танцува… Ако е до танцот, кој вели дека и ние „Онли фанс“ „мачка“ за танцување немаме? И тоа црна, а, ако треба и со стриптиз на шипка?
Океј… И Теодора и Ани -„Црна Мачка“ имаат „Онли Фанс’ страница, ама за разлика од нив Нивес е и пејачка, а тие не се?
Можеби тие не се, ама кој вели дека и Македонија нема пејачки со „Онли Фанс“ страници? До душа за во ваква прилика да се појави една Дијана – „Оу-Џи“ претседателот ќе треба да почека, (т)раперка да излезе од „Задруга“, иако и Нивес на Стево со своите „слободни постапки“ му приреди своевидно ријалити!
Од нашите разголени убавици во комбинација за прием можат уште да влезат уште многу други… Од бивши мисици, модели и старлети како Александра Накова или распеаната Кристина Димитриевска…
…Преку други пејачки со „Онли фанс“ страници како раперката Луна Ристиќ, па се’ до оние наши пејачки што немаат свој „Онли фанс“, ама затоа имаат експлицитни домашни видеа, како на пример битолската фолкерка Марија Луиса Тодоровска?
Конечно, зошто некои туѓи да бидат привелигирани, а нашите дискриминирани по прашање на прием во вилата на Водно?
Затоа можеби најдобро е ако веќе првин примил една, следниот пат претседателот да ги прими сите наши раскошни убавици од тој тип „на купче“… На „Онли фанс“ коктел журка?
При тоа на гардистите или обезбедете им телохранители или… Или и ним дозволете им да ги прекршат протоколите за да возвратат на сите гушкања, бакнежи и… се друго што ќе доживеат, како веќе знаат и умеат!
Фото: Инстаграм принтскрин/социјални мрежи