Македонската лото девојка оддамна ја отвори летната сезона… Секоја новопостирана фотографија од плажа, езеро, море, базен, во нов дезен… и модел на костим за капање.
Марјана Станојковска ем секогаш згодна, убава, лична, ем постојано различна… И не само во бикинито, туку и во придружните летни акцесоари и модни додатоци што одат во таква пригода: сламени шапки, шамии, шешири, очила за сонце, обетки, алки, нараквици…
И тогаш логично е човек да се запраша: Кој тоа и ги бира костимите за капење на македонската лото девојка? Дали то го прави сама или можеби во двојка? Има ли некој што и помага и асистира во изборот или водителката самата оди „на изворот“, па го одбира она што е по нејзин вкус?
За да нема недоумици Марјана одлучи да им ја открие тајната на љубопитните, па со неколку фотографии да покаже како бира бикини!
Директно во првата продавница кај своите пријатели од најпознатиот македонски бренд за костими за капење, па без многу есапење околу цената, водителката најпрвин го бира моделот, дезенот и бојата…
Потоа следи проверка на допир, дали одговара квалитетот и секако големината на корпите на градникот, кои треба да ја поносат целата тежина на бујната Марјана, додека таа е на плажа… А машала, во прашање е солидна грамажа!
Откако ќе се увери дека „тоа е тоа“, лото девојката ја гледа бројката или некоја друга ознака за големина и на крајот доаѓа финалето: да го проба, како и прилега бикинито!