Радио Милева

Кога Лила ќе прекрсти нозе: Се’ или ништо под капутот од кашмир? (ФОТО)

Кога Лила ќе прекрсти нозе: Се’ или ништо под капутот од кашмир? (ФОТО)

Лила Филиповска е дефинитивно бренд сама по себе, ама бренд е и она што го носи на себе. По теркот на светските и регионалните познати и популарни фаци и ТВ водителката секојдневно е присутна во јавноста. И на ТВ програмата на Сител и на социјалните мрежи. Саморекламирањето оди во пакет со рекламата за она што го носиш на себе… Така велат законите на современиот адвертајзинг. Социјалните мрежи и личните профили се као создадени за таков маркетинг!

Кусо видео или понекоја фотосторија и публиката ја оборија… од нозе! Особено ако имаш што да покажеш… а Лила и тоа како има… И во лето и во зима!

А кога Лила ќе прекрсти нозе, буди немир… Дали има СЕ’ или НИШТО под капутот од кашмир! Убавите разголени нозе на водителката кои извираат од скапата беж текстура дополнително предизвикуваат „бура“  и дилема…?! Која ја облекува Лила се гледа од прва – модната куќа Елена Лука! За останатото… не е надлежна креаторката… Прашајте ја водителката!

To top