Лила Филиповска со кренати нозе на шофершајбната се провозе низ Скопје.
Водителката на најпознатото „гејм шоу“ – „Се или нешто“, ова не го прави баш често, иако рака на срце со кренати нозе сме ја виделе и друг пат… И тоа во многу пожестоко и поразголено издание, но сепак, најновата споделена поза на најдобрата македонска водителка привлече големо внимание.
Најмногу заради нејзиниот аутфит кој го коментираа и на социјалните мрежи и на поедини портали, каде Лила облечена во црни мрежести хулахопки и црни сандали ги запали љубопитните душегрижници, каде тоа така облечена и обуена, водителеката тргнала среде зима?
Одговорот стигна бргу, откако Лила обзнани каде и по кој повод била, ама и од каде тргнала директно на прослава променета во истата гардероба. Или во превод: од снимање емисија, директно на мекици кај нејзини блиски пријатели во еден познат скопски ресторан.
Арно ама, оние „најзапалените“ не се задоволија само со овие информации, туку сакаа да дознаат и нешто повеќе…
Зашто кога Лила ќе ги крене нозе на шофершајбната секси впечатокот ја зголемува љубопитноста на влажните погледи, оставајќи ги во недоумица: Управувачот е сигурно во рацете на возачот, ама каде се рачната и менувачот?
Сите се прашуваат едно и друго, а самата Лила нешто сосема трето. И тоа откако поединци, можеби и самите губитници во најзиното „гејм шоу“ ја обвинија и наклеветија и неа и екипата дека за овие десет години колку што „Се’ или нешто“ се емитува, милионот никому не му паднал. Причината: Го местат, така што со далечински управувач ги менуваат бројките во кутијата!!?
Е затоа и Лила самата праша: „Каде е далечинското?“, при тоа мислејќи на „далечинскиот управувач“, а не на управувачот, оносно воланот во рацете на возачот што ја вози со кренати нозе! Чиј идентитет патем, како и оној на банкарот, останата непознат… За сите, освен за совозачката со нозете на шофершајбната!
Фото: Инстаграм принскрин/lilafilipovska