Радио Милева
нуркачка

Кога Лила е таму, Охрид е сончев… и под вода! (ФОТО+ВИДЕО)

Кога Лила е таму, Охрид е сончев… и под вода! (ФОТО+ВИДЕО)

Лила Стојановска е во Охрид! На одмор, релаксација и забава… Тоа знаат и врапчињата! Ама малкумина знаат дека покрај сите останати активности, водителката реши да проба нешто, што до сега не беше пробала. На суво е риба ипол, во вода исто така, ама под вода?

Имено, Лила реши малку да се опроба во нуркачките вештини, да го истражи во Охрид она што  до сега го нема видено, а би сакала… Да дознае, каков е Охрид под вода?!

Затоа се обрати на вистинското место, кај своите нови пријатели од нуркачкиот клуб „Амфора“. Колегата и пријател Варошлија до неа за секој случај, иако немаше потреба зашто Лила беше во сигурни раце… Конечно кој би испуштил од раце ваква како неа и би дозволил нешто да тргне наопаку? Затоа, најпрвин малку теорија и подготовки од младиот, но искусен инструктор Јован Секулоски. За него нова тура обука, за нова авантура на водителката… Подводна, секако!

И додека таа со инструкторот ги правеше првите подводни чекори, камерата грижливо го бележеше секое нејзино движење… Впрочем, Лила многу малку нешта прави што не се овековечени пред камера! А ова беше баш за пред камера!  Да се знае, кога Лила научила да нурка! А Лила како Лила, особено кога е пред камери, мора да е топ средена и дотерана.

А, ако веќе не може по цело тело, зашто е променета во задолжителното нуркачко одело, може она што се гледа над вода. Па, дали од навика, дали од убавина, Лила тргна да нурка под вода, претпазливо, полека, потроа, кроце…

Наместо со маска за нуркање, со очила за сонце! Ама што ако…!? Лила и во Охрид мора да покаже колку е убава, модерна и згодна, па кога е таа таму, Охрид мора да е сончев… и под вода!

Останати вести од Радио Милева