Адријана Лима е една од најпосакуваните жени во светот, а нејзиното извајано тело и витка линија никого не оставаат рамнодушен.
Поранешната српска снаа, се соблекла во долна облека од проидна црна тантела со нагласена еротска компонента, која е дел од новата колекција на долна облека „Savage x Fenty“ на Ријана, па им го „помати“ умот на мажите ширум светот.
Лима, една од најбараните светски топ модели е ново заштитно лице на модната кампања на Ријана, па сосема е јасно зошто сите ја нарекуваат „кралица на долната облека“.
View this post on Instagram
Откако ги објавила фотографиите на Инстаграм, на кои заводливо и провокативно позира, убавата Бразилка споделила и видеоснимка променета во оваа долна облека, со опис: „Дојдов дома кај моето момчето, вака. И да, беше диво“.
Колку диво…? Можете само да замислите!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/adrianalima