Радио Милева првиот секс

Кога ја загубиле невиноста познатите естрадни ѕвезди: Едни со првата љубов, други со школска другарка, трети на село…

Кога ја загубиле невиноста познатите естрадни ѕвезди: Едни со првата љубов, други со школска другарка, трети на село…

На оваа скокотлива тема отворено проговорија најголемите српски и регионални музички, ТВ и ријалити ѕвезди.

Цеца Ражнатовиќ

Фолк дивата вели дека била од последната генерација девојчиња каде невиноста била навистина важна. Нејзиниот „прв пат“ бил на 18 години, со момче со кое била во врска една и пол година. Вели дека тоа го направила повеќе од љубопитност, отколку од вистинска желба, а убавината на сексот ја почувствувала дури со нејзиниот сопруг Аркан.

Сузана Манчиќ

Некогашната лото девојка, ТВ водителка и пејачка, невиноста ја изгубила на 16 години. Вели дека во тој период имала момче во кое била лудо вљубена и едвај чекала да ја достигне долната граница од 16 години, која важела во тоа време, за да го стори тоа.

Кристијан Голубовиќ

Најпознатиот српски преживеан гангстер од почетокот на криминалните 90-ти, тврди дека прв пат со девојка легнал на 13 години, кога бил интимен со својата прва љубов Сашка Миленковиќ, со која заедно оделе во основно училиште.

Огњен Амиџиќ

Познатиот ТВ водител, актер и пејач „своето сефте“ во сексот го направил на 15 години и вели дека гледано од денешна перспектива, му изгледа дека во тој момент правел се’ освен секс! Додека неговите родители не биле дома, тој викнал една другарка од средно училиште за да експериментираат… на тоа поле!

Здравко Чолиќ

Популарниот Чола првиот секс го имал на село… на една ливада покрај река.

„На селските девојки што чуваа овци јас како момче од градот им бев многу симпатичен“ – кусо прокоментирал пејачот тврдејќи дека невиноста ја изгубил навистина како многу млад.

 

 

 

To top