„Proud“ одекна на многу светски јазици, но само еден успеа да го победи оригиналот отпеан на англиски од силниот вокал на Тамара Тодевска.
„Кога ќерка ти ќе ја отпее песната што си ја создала за неа“, напиша пејачката која сподели видеоснимка на која 2-годишната Хана ја пее песната што мајка ѝ ѝ ја посвети токму нејзе.


Нашата претставничка на 64 Евровизија Тамара Тодевска со песната „Proud“ ни ја донесе историската победа според гласовите на жирито и седмото место во конечниот редослед, што е најдобар пласман на Македонија досега.
А, ова е најдобро испеаната „кавер“ верзија на песната… Вака звучи и изгледа кога Хана ја пее „Proud“, а мама Тамара гордо ја слуша.