Радио Милева
Ем е корисно, ем практично...

Кога бившата на Кајмакоски ќе ти се качи: Кристина Димитриевска покажа како се станува јутјуберка со совршено га*е… пардон, совршен глутеус (ВИДЕО)

Кога бившата на Кајмакоски ќе ти се качи: Кристина Димитриевска покажа како се станува јутјуберка со совршено га*е… пардон, совршен глутеус (ВИДЕО)

Пејачка, мисица, манекенка, модел… Бившата сопруга на Даниел Кајмакоски по разводот очигледно решила да стане мултипрактик. Набројаното не е доволно, па сега русокосата убавица на својата палета на неформални професии или поточно во својата свера на интерес додаде уште нешто.

Имено,  убавото тело, витата става и затегнатите мускули не се создаваат туку така, сами по себе, тоа сите го знаеме.

И бидејќи „оваа шија не е од туршија“, Кристина реши да покаже како го доведува во баланс изгледот на своето тело со желбите и потребите, па  преку неговата убавина и специфичност, јавно ја експонира и својата личност.

Понесена од максимата на познатиот македонски шампион во бодибилдинг Тоше Зафиров: „Грижи се за своето тело, бидејќи тоа е единственото место каде што мораш да живееш“, распеаната убавица тргна да ни покаже како таа го прави тоа.

Вообичаено во теретана, со сите прирачни справи, машини  и помагала, ама и необично, со помош на жива сила… Склековите се ионака тешки за изведба, особено ако ги правиш потпрен(а) на лактите… Ама уште ако треба на себе да носиш товар плус, мора да е ѓаволски тешко и за најдобрите, а за останатите – невозможна мисија.

 

View this post on Instagram

 

Вежбањето во пар е забавно, но сепак носи свои резултати ?? #fitnessinstructors

A post shared by Kristina? (@kristina.dimitry) on

Иако многумина машки пари би дале за вакво нешто, зашто не го гледаат само како спорт, сепак не е лесно кога бившата на Кајмакоски ќе ти се качи… Ама воопшто не изгледа лесно да ја „имаш“ на себе во ваква поза…  Особено што е нестабилна, па лесно паѓа уште на прво, евентуално на второ… „горе-долу“. До душа, вежбањето во пар, особено со неа мора да е забавно, а веројатно и носи свои резултати. Особено, ако патем сакаш да глумиш јутјуберка, па она што е извежбано да биде и прикажано и споделено со јавноста, на конто на популарноста. Впрочем и самата Кристина тоа го признава.

 

 

View this post on Instagram

 

Глумиме јутјуберки ???

A post shared by Kristina? (@kristina.dimitry) on

Но, рускосата бргу покажа дека не служи некому само како „туѓ товар“ во животот!  Вежбањето е пред се заради здраво, силно, цврсто и затегнато тело. Особено онаму, каде што најмногу се бара и најповеќе се гледа. Зашто однапред ботокс и силикони можеби се решението, ама одзади?

Затоа Кристина реши да покаже како се доаѓа до совршено га*е… Пардон, совршен глутеус!

Жена си, можеш се’… И во теретана и по дома. Важно е да се практикува, за јавноста да ти се восхитува, наместо да те критикува. Затоа, погледнете ја русокосата убавица и земете пример од неа: Клекни-стани, клекни- стани… И се’ така додека не се уморите или не се задоволите… Од изгледот на вашиот глутеус.

Ем е корисно, ем практично… Вежба која сигурно ќе ви се најде… Можеби уште вечер!

 

Останати вести од Радио Милева