Познатиот актер Раде Шербеџија (74) никогаш не дозволил неговата популарност да го поколеба, доказ е неговата пристапност при интервјуата и непосредноста во разговорот со луѓето кои доаѓаат кај него да го поздрават, а кажува дека во Америка однесувањето на неговите колеги е сосема поинаков во споредба со него и со другите големи актери од сцената.
– Ужасно ми е досадно кога луѓето ми приоѓаат. Замислете колку фотографии треба да направам на ден. На моите пријатели во Америка не им паѓа на памет да го направат тоа, нема како да се сликам со непознат на улица, а овде тоа е невозможно, бидејќи останавме во таа наша земја каде што сите сме браќа и едноставни. Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Бата Живојиновиќ, Павле Вујисиќ, Дворник, правевме филмови како во фабрика и тоа ни беше нормално и не се чувствувавме како ѕвезди. Бевме работници, уметници, на нашата социјалистичка нација и тоа е најубавото нешто – истакнал Шербеџија и додал:
– Кога бев најпопуларен во Југославија, како што кажуваа анкетите седум години по ред, секогаш заедно со моите сограѓани чекав ред за леб во Загреб и не барав никаква заштита. Луѓето тоа го препознаа и сакаа, а јас оттогаш се однесувам исто.
Фото: Принтскрин/Зоран Жестиќ/Александар Димитријевиќ/Снежана Крстиќ