Коронавирусот наголемо беснее во Србија, па затоа не се може на море иако летото наголемо пристигна. Но, тоа не значи дека оние што имаат пари и се богати и славни деца, како ќерката на Цеца, дека не можат да најдат начин бесно да уживаат.
Анастасија Ражнатовиќ реши жешкиот и сончев викенд да го помине во Нови Сад, каде на убавиот син Дунав уживаше во сите благодети на летото, на глисер.
Друштвото мало, но одбрано, екипата подготвена за речна пустоловина, па сите заедно седнаа во луксузниот глисер да се возат, капат , сончаат, пливаат… Со еден збор да уживаат во сините води на големата река.
По сончањето, капењето во студените води не е доволно за освежување, па зато за доживувањето да бите комплетно, а впечатокот што посилен, се погрижи младата убавица, сексапилната ќерка на Цеца.
Вито тело, мини бикини, одбрана музика и валканиот танц во кој Анастасија така умешно меша со колковите, што и глисерот потсконува на брановите.
Сексапилот пуштен на најјако, еротската танчерка на дофат на оној што ја придружува, а за сите останати, само воздишки и влажни погледи од споделеното видео и фотографии на нејзините Инстаграм приказни.
Фото: Инстагарм принтскрин/raznatovicanastasija