Маж или жена – секогаш кога си на идеја да го изненадиш партнерот со убава резервација за Валентин, се соочуваш со ситуација на немање слободни места, гужви, разочараност од понудата на локалите и сл.
Затоа, решивме да одвоиме нешто за овој 14-ти февруари…
Бистро Скопје, новиот блуз и џез ресторан на улица Македонија, на 14-ти февруари организира прекрасна вечер заедно со „JB Quartet“ и Нико Ѓоргиевски. Два фантастични машки и женски вокали, Нико и одличната џез вокалистка Јасмина Беличанска ќе бидат придружени од all-star составот на басистот Марко Василевски, пијанистот Филип Димишковски и Антоние Весковски на ударни инструменти. Ќе се пеат врвни аранжмани од преработки на Frank Sinatra, Nat King Cole, Diana Krall, a и Македонски евергрини кои ќе ви ги разгалат музичките сетила.
За останатото ќе се погрижат извонредните шефови Жика и Рубин и нивните веќе добро познати кулинарски ремек-дела во Бистро Скопје. А за оние кои сакаат да го прослават Св. Трифун ќе има посебно изненадување – промоција на Тиквеш и промотивни цени на нивните вина.
Резервирајте си место во Чув де чув на 078 52 05 52 или на [email protected] за незаборавна романтична вечер. Побрзајте, затоа што голем дел од местата се веќе пополнети од редовните клиенти на Бистро Скопје.
Погледнете и мал дел од атмосферата на последниот настап кој „JB Quartet“ го имаа во Бистро Скопје…