Мегафон вечен паметник

Коби Брајант и Џиана добија статуа на местото на несреќата: „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“

Коби Брајант и Џиана добија статуа на местото на несреќата: „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“

Легендата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана добија бронзена статуа поставена на местото на хеликоптерската несреќа во која го загубија животот заедно со уште седум лица.

Скулпторот Дан Медина испрати порака дека „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“, а на статуата ги испиша имињата и на останатите загинати.

Таткото и ќерката се облечени во кошаркарска униформа, Коби го носи легендарниот дрес на Лејкерс со број 24, додека Џиана ја доби 8 која Брајант ја носеше на почетокот на неговата кариера.

Многу навивачи и обожаватели на кошаркарската легенда веќе на ова место положија цвеќе. Хеликоптерската несреќа се случи на вчерашен ден пред две години.

 

To top