По пејачка пауза од две години и безброј напишани стихови за други изведувачи, Магдалена Цветковска – Ена ја најавува својата нова песна.
Талентираната пејачка и текстописец, деновиве сподели фотографија откривајќи ги деталите за новата тема што се очекува наскоро заедно со видеото да ја здогледа виделината на денот.
Веројатно станува збор за песна со нејзин текст, а со музика и аранжман на нејзиниот брат – хитмејкерот Лазар Цветкоски, а сето тоа насловено „Ко да нема утре ден“.
Видеото а песната го потпишува режисерот Даниел Јовески, а промоцијата се очекува наскоро.