Радио Милева „сингл“ адаптација

Клуб на осамените срца на македонските ѕвезди (фото)

Клуб на осамените срца на македонските ѕвезди (фото)

Кога завршува едно животно поглавје, особено љубовно, тогаш во зависност од карактерот на личноста, едни преферираат да бидат сами по крајот на врската, а пак други на некој начин се тешат со исполнето верме на ваков или онаков начин.

За овие вторите, време за осаменост нема, туку само простор за разни активности и потполнување на празнината и отсуството на тој што веќе го нема.

Пријателите најчесто се изборот за лаф муабет, а пак кога ќе се погоди да бидат во иста ситуација, тогаш поврзаноста и муабетот оди многу полесно и трае и трае… Во една таква слична ситуација се најдоа другарите или како што милуваат да се наречат, браќа, екс-кошаркарите Перо Антиќ и Александар Димитровски – Мачка, ама и другарките пејачката Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска.

Едните во фаза на развод, а другите наводно разделени.

Машката половина на осамени срца, барем на социјалните мрежи покажува дека почесто се дружи.

Перо и Мачка редовно имаат повод и причина за дружба, а дека имаат заеднички муабети воошто не мора ниту да се спомне и тоа не мора да бидат само на тема поранешни.

Дека дружбите им се се’ почести може да се види од профилот на Антиќ кој редовно објавува фотки од средбите.

Понежните половини веќе ги нема, станаа или стануваат минато секој си знае поедниченно, дали се осамени или не, стои под прашалник, а до кое ниво стигнаа и се адаптираа како „сингл“ времето ќе покаже…

фото:Инстаграм принтскрин

To top