Клои Кардашијан (36) имала коронавирус на почетокот на годината, а во новата епизода „Во чекор со Кардашијанс“ беше прикажана борбата на ријалити ѕвездата.
Кардашијан била многу лошо, а тестирањето покажало дека има коронавирус.
Нејзината мајка Крис Џенер се појави со солзи во шоуто велејќи дека се јавува кај секој лекар на кој се сетила и барала да му помогне.
„Штотуку дознав дека имам коронавирус. Останувам во својата соба. Ќе биде добро, но последните неколку дена ми беше навистина лошо – вели Клои.
Клои ги опиша и своите симптоми: повраќање, кашлање, треперење, главоболка, за кои истакнала дека се разликува од мигрената која инаку ја добива.
Кардашијан ги повика своите фанови да ги почитуваат мерките и да се чуваат. Клои се излечила од короната на почетокот на годината, а неодамна лудо се забавуваше на роденденот на својата сестра Ким.