Мегафон ТВ серија

„Клан“: Почнa со емитување на ТВ серијата за убиството на Аркан и растот на „Земунскиот клан“ (ВИДЕО)

„Клан“: Почнa со емитување на ТВ серијата за убиството на Аркан и растот на „Земунскиот клан“ (ВИДЕО)

Од перото на прославениот режисер Слободан Скерлиќ и од продуцентската куќа „Светулка“ на крајот на годината пристигна новата серија „Клан“. Главни ликови во серијата се Шок и Паша, кои ги играат младите актери Александар Димитријевиќ и Недим Незировиќ во насловните улоги.

Суштината на заговорот носи трагикомични ситуации што ги следат двајцата ситни крадци од белградските предградија, кои по игра на случајноста, ќе се најдат во срцето на високиот криминал, поради бизарни настани.

Покрај Димитријевиќ и Незировиќ, во „Клан“ ќе ги гледаме Владимир Ковачевиќ, Ненад Ј.Поповиќ, Младен Совиj, Иван Зариќ, Урош Јовчиќ, Милош Танасковиќ, Милош Петровиќ Тројпец и други.Креатор, режисер и сценарист на серијата „Клан“ е Слободан Скерлиќ, кој е познат по режијата на филмовите „До коске“ и „Топ је био врео“. Директорка на фотографија е Маја Радошевиќ, сценограф е Кирил Спасески, костимограф е Тања Радишиќ, а шминката ја потпишува Дубравка Бушатлија.

„Клан“ инспирирана од животот на подземјето во Србија во деведесеттите и почетокот на овој век.

Првата епизода почнува со убиството на „Тигар“ во еден хотел во Белград , односно на Жељко Ражнатовиќ – Аркан во хотелот „Интерконтинентал“ во 2000 година.

Тоа ќе ги размрда мафијашките кругови во Србија во ситуацијата кога го нема „најголемиот“.

Парлалелно ќе го следиме патот на двајцата на почеток ситни криминалци Шок и Паша, кои во вистинскиот живот беа „Шиптар“ и „Кум, водачите на „Земунскиот клан“.

Погледнете го трејлерот за серијата:

To top