Силвестер Сталоне не крие колку се гордее со своите ќерки, Систин, Софија и Скарлет кој ги доби од бракот со сопругата Џенифер.
Како и не би кога ќерките на легендарниот актер се вистинска атракција каде ѝ да се појават, па се’ повечесто успешно го засенуваат и својот татко.
Тоа особено им оди од рака на плажа каде освојуваат во минијатурните бикини во кои ги покажуваат своите извајани тела од чија убавина и сексапил кожата се ежи, а со фотографиите сакаат да се пофалат и на социјалните мрежи.
Нивните обожаватели заклучиле дека убавината ја наследиле од мајката Џенифер Сталоне, манекенката во пензија со која актерот е во брак од 1997 година.
За разлика од него, сопругата и ќерките не се опседнати со естетски зафати, со кои уште на прв поглед е јасно дека претерал.
Инаку, Систин одлучила да тргне по стапките на својот татко, па на филмското платно дебитирала во 2019 година.
Софија студирала комуникации на Универзитетот во Јужна Калифорнија, а отворено проговорила и за операцијата на срцето која ја направила во 2012 година поради вродена маана.
Поради тоа таа се посветила на здрав начин на живот и прехрана, па животот едноставно ѝ станал полесен. Скарлет е најмладата од сестрите и миленичка во семејството, а активно се занимава со атлетика, па Силвестер често се фали со нејзините успеси.
Инаку, семејството Сталоне пред две години уживало на крајбрежјето на Дубровник, Хвар и Вис, а убавината на Хрватска ја споделиле на социјалните мрежи.