Радио Милева празнични вибрации

Ќеркичката на пејачот на само чекор до годинка: Празнично расположение во домот на Александар Белов (фото)

Ќеркичката на пејачот на само чекор до годинка: Празнично расположение во домот на Александар Белов (фото)

Македонскиот поп пејач Александар Белов и неговата сопруга Јелена за прв пат на почетокот на оваа година го проширија семејството и ја добија ќеркичка Мина, а сега на крајот на годината за прв пат ќе ја дочекаат Новата Година и во улога на родители.

Крајот на старата година за нив значи почетокот на втората година од животот на нивната најголема среќичка, која се роди точно на Василица.

На слатката убавица во годинава што заминува тие и направија крштевка во еден српски православен храм, а често пати на мошне необичен начин пејачот во текот на годината во јавноста ја покажуваше Мина, симболично обележувајќи и ја возраста на неговата наследничка.

Овој пат тие ја заукружија годината со емотивна фоторафија од нивната малечка која за прв пат се фотографираше со новогодишната елка и ја почувствува магијата за пречекот на Новата Година.

Малечката се израдувала на украсите па седната до елаката, со широка насмевка на лицето, во раката држи преубав новогодишен лампион. Додека пак, Белов и неговата избраничка со нетрпение ја очекуваат новата, бидејќи под сликата пејачот напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Belov (@aleksandarbelov)

– На само чекор до годинка.

За потсетување, Александар Белов  со неговата избраничка заплови во брачните води  во 2019 година, во Србија, а сега живее и работи во Крагуевац.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александар Белов

To top