Раја, ќеркичката на бугарската фолк ѕвезда Азис, е пример не само за нејзиното одделение, туку и за целото приватно училиште каде што таа учи, пишуваат бугарските медиуми.
Ученичката од четврто одделение ги зачуди и воодушеви наставниците во елитното училиште. Раја покажува зрело однесување како да е многу поворасна личност, и за разлика од многумина нејзини врсници во нејзиниот вокабулар, нема непристојни зборови.
Освен тоа, русокосото девојче со сини очи било многу трудољубиво и посветено на нејзиното образование.
Таа добила одлични оценки, но не од милост, бидејќи е ќерка на Азис, туку поради нејзиниот „ментален капацитет“ и натприродната интилигенција, пишува бугарски “Викенд”.
Извор: Марица.бг