Летото кое е зад нас дефинитивно беше нејзино, а доказ за тоа се бројните фотографии на Уна од прекрасните плажи од Црна Гора до Хрватска.
Уна со својот природен изглед го остава без здив посилниот пол, па затоа многу девојки и завидуваат. Уна Чолиќ оваа есен реши уште малку да го промени имиџот и сите ги остави без зборови.
„Време беше нешто да се смени“, напиша ќерката на Здравко Чолиќ и ја покажа новата фризура. Степенесто шишана коса и убава есенска боја.
Уна реши да го освежи својот изглед со тренди шишки, па многу следбеници и порачаа дека промената на имиџот е полн погодок.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Уна Чолиќ