Радио Милева

Ќерката на Тамара Тодевска наполни три години, а специјална честитка доби од тета Тијана

Ќерката на Тамара Тодевска наполни три години, а специјална честитка доби од тета Тијана

Ќерката на нашата претставничка на Евровизија, вчера наполни три години.

Имено, на 29 април пред три години, Тамара и нејзиниот сопруг Александар станаа родители за прв пат.

Тодевска често на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа од Хана,  а таа учествува и во спотот за евровизиската песна.

Хана вчера наполни три години, а мама Тамара преку социјалните мрежи и го честиташе роденденот.

„3 години среќа, радост, љубов. Среќен роденден Хана моја, те сака мама највише на свет“ стои во описот на фотографијата.

фото: фејсбук

Кон честитките се приклучи и нејзината тетка Тијана Дапчевиќ која напиша:

„На овој ден пред три години се роди Хана моја. Да си здрава, среќна, насмеана уште 105 години. Среќен ти роденден, да си жива и среќна да ни бидеш“ напиша Дапчевиќ.

 

Погледајте ову објаву у апликацији Instagram

 

Na danasnji dan pre 3 god se rodila Hana Hanumica moja?kekina bundevica brokolica ljubavica ??? da si zdrava srecna nasmejana kekino jos 105 god????srecan ti rodjendan Zivelaaaaa i srecna nam biiilaaa???

Објава коју дели Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) дана

Инаку, пред неколку месеци Хана го доби и братчето Дарен, односно Тодевска роди син.

To top