Децата на познатите секогаш се интересни за јавноста, па нивната популарност задолжително доаѓа уште од самото раѓање.
Лора Турунџиева, ќерката на Сузана Турунџиева и Александар Маленко, во 2019 година за првпат се реализираше во улогата на мајка, а Сузе стана баба.
Лора во текот на својата бременост не објавуваше многу фотографии туку тоа го направи подоцна откако се породи.
Лора и нејзиниот сопруг Филип Наунов го добија синот Јаков. Отогаш, младата мајка потполно е посветена на синчето кое порасна во преслатко момче.
Турунџиева не е премногу активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели некоја фотографија со наследникот.
Овој пат, Лора во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со својата нова линија. Имено, таа откри дека успеала да ослабе 11 килограми, а нејзин персонален тренер и бил нејзиниот сопруг Филип.
Ова сигурно и било дополнителна мотивација за да ја доведе својата линија до совршенство, а дали ќе продолжи да слабее или пак веќе е задоволна со резултатот останува да видиме.
Инаку, во последно време многу познати се фрлија на ослободување на вишокот на килограми, а засега одлично им оди.