Радио Милева животот е тркало

Ќерката на славниот пејач Род Стјуарт минала низ пекол: „На ѕидот имав негов постер зашто ми беше секси, а потоа дознав дека ми е татко“ (ФОТО)

Ќерката на славниот пејач Род Стјуарт минала низ пекол: „На ѕидот имав негов постер зашто ми беше секси, а потоа дознав дека ми е татко“ (ФОТО)

Сара е ќерка на популарниот британски пејач која преживеала пекол додека тој уживаше во луксуз!

Британскиот поп пејач Род Стјуарт неодамна го претстави своето ново ЦД, а во таа прилика, беа откриени шокантни детали за животот на едно од неговите деца.

Имено, песната “Дали јас” од новиот албум зборува токму за децата и дрогата, а сето тоа гледано од родителски агол. Сара,  беше првата што разговараше со јавноста за неа и нејзината зависност од дрога, откако беше присутна на промоцијата.

Пред да го најде патот до нејзиниот биолошки татко, Сара преживеала многу тешки години. Се презива Ститер, а не Стјуарт, и нема многу заедничко со седумте други деца на рок-ѕвездата кои живееле опкружени со луксуз. Сара израснала во покраината Сасекс, откако првите пет гонини по раѓањето ги минала по домови за сираци, додека потоа не била усвоена од Евелин и Џералд Туброн.

„Сепак, имав среќно детство“ – вели 47 годишната Сара за “Дејли мејл”, која е првото дете на пејачот додека тој уште бил сиромашен тинејџер кој тукушто зачекорува на рок сцената.

Фото: Associated newspaper / Ben Lister

To top