Ања Валенте, ќерката на Драган Стојковиќ Пикси, живее во Париз и неодамна се омажи за славниот возач Ига Валенте, а сега одеднаш откри дека живеела со Ѓорѓе Куљиќ, кој во јавноста е познат како момчето на Анастасија Ражнатовиќ.
Ќерките на Пикси, Ања и Андреа, беа гости на 30-тиот роденден на Ѓорѓе, што тој неодамна го прослави.
“Го мразев кога го запознав, во тоа време бевме цимери во Њујорк. Тој ги украде сите мои другарки. Сакав да го земам како деверуша, што би било чудно. Поминаа скоро 15 години и не знам зошто сè уште не сме го посвоиле. Те сакам до месечината и назад, Ѓорѓе“, напиша Ања во описот на фотографијата на која се наоѓа нејзината сестра Андреа и славеникот.
Со тоа таа откри дека е многу блиска со саканиот на Анастасија, а колку таа е рамногушна на пријателките на Ѓорѓе, знае најдобро самата.