Радио Милева разгалена елена

Ќерката на Миле Китиќ живее во луксуз и раскош: Куќа од 550.000 евра, базен среде соба, скапа гардероба, билијард сала, теретана… и сето тоа од пеење во кафеана!

Ќерката на Миле Китиќ живее во луксуз и раскош: Куќа од 550.000 евра, базен среде соба, скапа гардероба, билијард сала, теретана… и сето тоа од пеење во кафеана!

Ќерката на брачната фолк двојка, пејачите  Миле Китиќ и Марта Савиќ, младата исто така пејачка Елена Китиќ е многу активна на социјалните мрежи. Најмногу на Инстаграм, каде споделува фотографии речиси секој ден.

Елена ја интригира јавноста со своите екстравагантни комбинации на облека и во голема мера ги диктира трендовите, а на своите фотографии често се фали со скапите луксузни парчиња од нејзината гардероба.

Судејќи според социјалните мрежи, Елена сака скапи автомобили, патувања на егзотични дестинации, но и екстравагантни и суперлуксузни скапи парталчиња. Тато Миле и мама Марта очигледно не штедат кога станува збор за нивната галеница, а ова се некои од скапоцените парчиња со кои се пофали младата пејачка.

Да потсетиме, Елена се’ уште живее со своите родители во луксузна куќа од 550 000 евра, која е опремена со скапоцен мебел, базен на средина од собата, билијард сала, а има и вистинска мала теретана.

Се на се’, луксуз и раскош од секоја страна и сето тоа спечалено од пеење во кафеана… Но, не од нејзе секако, туку на нејзината мајка Марта Савиќ, односно најмногу од најзиниот татко,                            мегапопуларниот Миле Китиќ!

To top