Ќерката на познатата српска фолк ѕвезда Миле Китиќ, според популарноста, се заканува дека ќе го надмине својот славен татко.
Елена Китиќ не само што ја воодушевува публиката со своите песни и спотови, тоа го прави и со фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.Наследничката на Миле, сепак, отиде чекор понапред со најновата објава.
Имено, атрактивната пејачка позираше во клечечка поза, а голиот грб и дел од разголениот задник и ја открија необичната тетоважа.
Симболот исцртан на кожата веднаш над анусот на Елена е Анк.Тоа е египетски хиероглиф што означува „вечен живот“.Познат е и како „клуч на животот“ или „Коптски крст“.Често се појавува на египетски гробници и предмети. Во модерното време, овој симбол се користи за означување на бесмртност.
Фотографијата од наследничката на Миле за кратко време собра огромен број лајкови и коментари, а највпечетлив беше оној на еден нејзин следбеник, од кого сексапилната убавица доби брачна понуда:
„Омажи се за мене“, и напишал кусо додворувачот кој Елена ја остави без зборови, а таа него пак го остави без одговор.
Остана мистеријата зошто токму таму расната Елена ја ставила тетоважата, како и дилемата, дали тетоважата над аналниот отвор предизвика толкава возбуда, што беше доволна побуда за брачна понуда на обожавателот?