Ќерката на пејачката двојка Миле Китиќ и Марта Савиќ, младата пејачка Елена Китиќ е многу активна на социјалните мрежи, претежно на Инстаграм, каде што споделува слободни фотографии, па затоа е многу популарна меѓу младите.
Модните критичари имаат само пофални зборови за нејзиниот стил, па можеме да кажеме дека оваа екстравагантна млада дама во голема мерка ги диктира модните трендови.
Пејачката повторно играше на карта – сексапил, а своите следбеници ги изненади со исклучително оригинална фотографии најавувајќи нов спот.
Имено, во црната кадрава коса што и допира речиси до задникот, расеани се бисери како асоцијација на скапоценост. Потоа, Елена ги разголила своите гради покривајќи ги само со морски школки, додека остатокот од нејзиното тело е завиткан во бисерни ѓердани и хулахопки во боја на месо на нозете.
Прилично смела и провокативна комбинација која буди не само еротска туку и уметничка асоцијација… Или поточно, еротска естетика, модна инсталација што ја издвојува младата убавица од нејзината конкуренција.