Наташа Којиќ, ќерката на пејачот Драган Којиќ Кеба, со години живее во Лос Анџелес, каде се обидува да го оствари познатиот американски сон. Не се гледа често со семејството, бидејќи поради документи не смее да се врати во Србија, а сега од Калифорнија пристигнаа добри вести кои ги израдуваа нејзините најблиски.
Наташа Којиќ е член на екипата на новато филмско остварување „Меган“, која на почетокот на следната година ќе почне да се прикажува во кината и на платформата „Нетфликс“.
Тоа е научно-фантастичен хорор филм во режија на Џерард Џонстон, а приказната ја следи Џема (Алисон Вилијамс), брилијантен научник кој користи вештачка интелигенција за да го развие андроидот M3GAN (Ејми Доналд), кукла програмирана да биде придружник на детето и сојузник на родителите.
Ќерката на Драган Којиќ, Кеба, ја напиша музиката за филмот заедно со композиторот Џон Марфи, а на Инстаграм се пофали дека започнала соработка со „Нетфликс“.
Инаку, Наташа се обиде да изгради музичка кариера во Србија, но во одреден момент се откажала од тоа и се преселила во САД, каде што влегла во познатиот колеџ Беркли.
фото:Инстаграм/Фејсбук