Ќерката на пејачката Гоца Божиновска, Зорана Шијан е активна на социјалните мрежи и често споделува провокативни фотографии од своите одмори.
Овој пат Зорана позираше во мрежест проѕирен мини фустан под кој се гледаа белите танга гаќички.
Лицето го покри со големи наочари, а целиот стајлинг го заокружи со капа. Зорана ја покажа витката фигура и затегнат задник, а лајковите се „истурија“.
Зорана привлекува големо внимание на Инстаграм каде ја следат 27.000 луѓе, а поради нејзините „жешки“ фотографии многумина и велат дека е вистинска „бомба“.
Гоца Божиновка од вториот брак со Зоран Шијан ја доби ќерката Зорана, како и синот Мирко Шијан. Од првиот брак ја има ќерката Јелена Вучковиќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sijanzorana