Лили Роуз Деп (21), манекенка и актерка, попозната како ќерка на славниот актер Џони Деп и пејачката Ванеса Паради, се појави вчеравечер во провиден фустан од црна тантела кој повеќе личеше на комбенизон, на 73-то доделување на наградите „БАФТА“.
Поточно, младата Лили ги привлече сите погледи со своето провокативно изданиее, со кое ги фрли во сенка и многу попознатите дами кои се појавија на црвениот тепих на БАФТА свеченоста во Лондон.
Она што особено го привлече вниманието на папараците, а потоа и на остатокот од светот, беа нејзините мали голи гради, кои актерката гордо ги истакна под проѕирното парче тантела.
За нејзина среќа или туѓа несреќа, младата убавица под провидната модна комбинација гаќички сепак носеше, иако и така облечена мамеше доволно машки, па и женски воздишки.
Фото: Профимедиа/Бафта 2020 – Инстаграм принтскрин