Јавноста дури неодамна доби можност да ги „запознае“ децата на Драгана Мирковиќ, ќерката Мануела и синот Марко.
Додека Марко Бијелиќ на социјалните мрежи објавува слики од брзи автомобили кои се негова страст, Мануела споделува фотографии од локациите што ги посетува, но постојано мами коментари од своите следбеници дека е „иста мама“.
Бидејќи е наследничка на милионер, јавноста „очекува“ да се одмори на Малдивите, Бахамите или на други луксузни дестинации.
Сепак, Мануела се одлучи за Хрватска, каде деновиве ужива на плажа, прошетки и кафулиња, од каде со своите следбеници сподели неколку фотографии.
Сега објави и слики од одморот во Хрватска, на кои ја гледаме како се шета, во кафуле, но ја покажува и својата витка линија.
Вака ужива Мануела, ќерката на Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ за време на одморот.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/manubijelic/marko.vnm