Радио Милева божествена промена

Ќерката на Цеца направи радикален чекор: Анастасија повеќе не изгледа вака (ФОТО)

Ќерката на Цеца направи радикален чекор: Анастасија повеќе не изгледа вака (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ секојдневно е се повеќе на мета на јавноста. Убавата ќерка на турбофолк дивата Цеца, постојано е во фокусот на вниманието како на медиумите, така и на публиката, која од ден на ден е се помногубројна. Што заради татковото презиме кое го носи, што заради славата на мајка и, што заради кариерата која допрва ја почнува, но по се изгледа најмногу заради убавината, грациозноста и сексапилот што ги има во себе.

Црнката убавица, и по својот физички изглед до душа ноеодоливо потсетува на мајка и Цеца… Или поточно потсетуваше се до денес? Не, нека не ве чуди, ништо драстично не се случило со младата пејачка, освен промената на еден мал детал, кој многу ги менува нештата.

Имено, Анастасија отсега е русокоса! Добро, не баш блондинка, како Карлеуша или Дара-Бубамара на пример, но сепак, младата убавица реши да направи радикална промена па ја бојадиса коста во светла руса нијанса. Чисто онака, заради потреба од промени, заради фановите или за да се разликува од нејзината мајка со која постојано ја споредуваат?

Што и да е причината – последицата е повеќе од фантастчна! Анастасија и со новата боја на косата изгледа божествено. Некои велат, дури и многу поубаво од пред тоа!

To top